КОЊИЧКИ СПОРТ – ДРЕСУРНО ЈАВАЊЕ

Според план-календарот за натпревари за 2022 година, на теренот на скопскиот КК Анималс, во населбата Дрма, се одржаа Мајскиот коњички турнир и 1-то коло (од предвидените три) од Отвореното првенство на Македонија во дресурно јавање за годинава. На програмата беа три натпревари, и тоа во категориите А, М и во ЛМ, со избор на слободна програма и музика во времетраење од три до четири минути.
Во првиот натпревар, категорија пони, победи Ева Крстовска, со грлото „Доктор Ди“, во категоријата деца најдобра беше Калина Колевска со грлото „Ајвора“. Во категоријата јуниори славеше Леонида Гроздановска со грлото „Џилдан“ и во категоријата сениори победи Ирена Гроздановска со грлото „Дон Октавијан“.