Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го совлада Шпанецот Карлос Алкараз во полуфиналето на гранслем-турнирот Ролан Гарос со 3-1 во сетови (6-3, 5-7, 6-1 и 6-1). Средбата траеше три часа и 15 минути.
Првиот светски рекет Алкараз, се пожали на грчеви во третиот сет при резултат 1-1 во гемови, поради што зеде медицински тајм-аут. Тој потоа освои само еден од преостанатите 12 гема.
Триесет и шестгодишниот Србин забележа осум асови, три двојни грешки и седум реализирани брејк топки од 12 шанси.
Дваесетгодишниот Шпанец имаше три сервиси, две двојни грешки и две реализирани брејк топки од 12 можности.
Во финалето на гранслемот во Париз, Ѓоковиќ ќе се соочи со победникот од мечот меѓу Каспер Руд (Норвешка) и Александар Зверев (Германија).
Ѓоковиќ во завршниот меч в недела ќе има можност да стигне до рекордниот 23-ти гранслем-трофеј. Тој и Шпанецот Рафаел Надал моментно имаат по 22 трофеи.