Меѓународната пливачка федерација (ФИНА) гласаше за ребрендирање и се преименува во Светски водни спортови, на својот вонреден генерален конгрес во Мелбурн (Австралија), пишува агенцијата „Ројтерс“. Меѓународна пливачка федерација беше официјалното име на раководното тело од 1908 година. Под нејзино раководство се спортовите пливање, скокови во вода, скокови во вода од поголема височина, уметничко пливање, ватерполо и пливање на отворено. Делегатите на ФИНА, исто така, гласаа за усвојување нов правилник, кој вклучува создавање независна единица за интегритет на водни спортови, која ќе стапи во функција од 1 јануари 2023 година, меѓу другите реформи.