ШАХ – ЕКИПНИ ПРВЕНСТВА НА МАКЕДОНИЈА

Машката и женската шаховска екипа на Алкалоид водат по второто коло на екипните првенства на Македонија, кои во седум кола се одржуваат во хотелот „Метропол“ во Охрид. Кај мажите (се игра на шест табли), Алкалоид, кој ја брани титулата, има максимални две победи односно четири бода, колку и Прилеп, но 1,5 поен подобар збир по табли, додека на третото, четвртото и петтото место се Гостивар, Гамбит Асеко СЕЕ и Куманово 1, со по два бода. Шкупи и Пелагон имаат по еден, а Анпасан е без бодови.

Кај шахистките (се игра на четири табли), титулата ја брани Центар, а по две кола дури четири екипи имаат по максимални четири бода, Алкалоид (осум поени по табли), Центар (7,5), Гамбит Асеко СЕЕ (6,5) и Неготино (пет). Преостанатите четири екипи, Фишер, Куманово 1, Гостивар и Стево Патако засега се без освоен екипен бод.

Резултати 2. коло (мажи): Шкупи – Пелагон 3-3, Гамбит Асеко Сее – Гостивар 3,5-2,5, Куманово 1 – Алкалоид 0-6, Прилеп – Анпасан 5-1.

Резултати 2. коло (жени): Центар – Гостивар 3,5-0,5, Куманово 1 – Алкалоид 0-4, Фишер – Неготино 1,5-2,5, Стево Патако – Гамбит Асеко СЕЕ 0,5-3,5. Г.И.