На последниот ден од Европското првенство за кадети во џудо 2024 година, потпретседателот на Европската џудо-унија Ото Кнајтингер беше домаќин на церемонијата за предавање на знамето.
Претседателот на Бугарската џудо федерација, Румен Стефанов Стоилов, по натпреварувањето на првенството во Софија, Бугарија, ја почна церемонијата со врачување на знамето на Кнајтингер, кој потоа му го предаде на претседателот на Џудо федерацијата на Македонија, Владимир Трпаноски.
Македонските спортисти на годинешното првенство покажа одлични резултати.
Инаку, Скопје се покажа како совршена локација за спортистите, па ќе биде домаќин на Европското првенство за кадети следната година, за што претседателот Трпаноски изразува големо задоволство.
Европското првенство за кадети ќе се оддржи од 26 до 29 јуни 2025 година.