ШАХОВСКА ОЛИМПИЈАДА ЗА СЛЕПИ И СЛАБОВИДНИ ЛИЦА

Македонската репрезентација во четвртото и во петтото коло на 17. Шаховска олимпијада (ШО) за слепи и слабовидни играчи во Врњачка Бања (Србија) ремизира со Словачка (рејтинг 1.826, рангирана 19-та пред ШО) и со Словенија (1.905, 14-та). На дуелот со Словачка, Миле Чапанов (рејтинг 1.957) на првата табла со црни фигури ремизира со Мартин Микулец (1.880), како и Зоран Костадиновски (1.846) на втората со Јозеф Хробал (1.816). На третата Жарко Селковски (1.903) освои цел поен против Роберт Лоринц (1.604), а на четвртата табла Филип Арсов (1.817) загуби од Мирослав Мурин (1.741). Против Словенија, Чапанов загуби со црни фигури од Владо Туричник (1.967), Костадиновски ремизира со Бор Градишек (1.823), Мелник го совлада Јанез Млачник (1.888), а Арсов беше подобар од Емил Мури (1.854). Вчера, во шестото коло, Македонија (1.882, 18-та пред ШО), се сретна со Туркменистан (1.886, рангиран на 17-то место). По пет кола, најуспешен македонски играч е Селковски, со четири победи од четири партии (освоени нови 27 рејтинг-поени), а Костадиновски, пак, сите пет партии ги ремизира (нови 8,2 р.п.).
На четири кола до крајот на ШО 2025, Македонија е на 15-то место со четири бода (една победа и по две ремија и порази, 10 поени по табли). Водат Полска и Украина со по девет бода, а трета е Венецуела со осум. Македонија на ШО пред четири години, како 12-та пред ШО, го освои 11-то место со девет бода, а златото ѝ припадна на Русија со максимални 18 бода, пред Полска и Србија. На таа ШО по петтото коло Македонија беше 15-та со осум бода (две победи и три порази, осум екипни бода), а во водство беше Русија со 10 бода. Тогаш и сега настапија по 22 селекции. Г.И.