Членката на клубот Анималс победи во класите Д и Ц
КОЊИЧКИ СПОРТ – ВТОР ЈУНСКИ ТУРНИР ВО ПРЕСКОКНУВАЊЕ ПРЕЧКИ
Лиа Каев со грлото Нур од клубот Анималс освои две први места на вториот Јунски турнир и третото коло од Отвореното првенство на Македонија во прескокнување пречки со коњи за 2022 година, кое се одржа на теренот на скопскиот коњички клуб Бравадос во Волково. На програмата беа пет натпревари во прескокнување пречки, и тоа во класите А, Б, Ц, Д и класата дебитанти, со височина на пречките од 0,70 до 1,25 метар.
На првиот натпревар во класата Д (0,8-0,9 метри), победи Каев, пред Сандра Маслинко со грлото Прешес од КК Анималс и Ветон Куртаи со грлото Прометеус од КК Илинден. Во вториот натпревар, во класата Ц (0,9-1,1 м), се одржа и еден бараж, најдобра повторно беше Каев со истото грло, пред Леонида Гроздановска со грлото Џилдан од КК Анималс и Трајче Димитров со грлото Метлок од КК Бравадос. Во третиот натпревар во класата Б (1,1-1,2 м), триумфира Петар Милошевски со грлото Надја од КК Бравадос, пред
Силја Дуковска со грлото Најтингел од КК Илинден и Дарио Гроздановски со грлото Силвано од КК Анималс. Во класата А (1,15-1,3 м), прв беше Дарио Гроздановски со грлото Силвано од КК Анималс, втор Милошевски со грлото Надја од КК Бравадос, а трет Самир Реџепи со грлото Коку од КК Бравадос.
Во класата Дебитанти (0,6-0,7 м), сите што го апсолвираа паркурот без казнени поени го поделија првото место, а тоа се Калина Колевска со грлото Прешес од КК Анималс и Матеа Димовска со грлото Прешес од КК Анималс. Г.И.