Фото: ОФМ

ОДБОЈКА – КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

  • Во Скопје, македонскиот женски шампион го победи Гацко од БиХ со 3-2 во сетови, а машкиот првак Струмица загуби од Динамо Букурешт од Романија со 0-3, во првото коло. Реваншите се идната недела

Деби од соништата во првото коло од квалификациите за пласман во Лигата на шампионките (ЛШ) одиграа одбојкарките на Јанта Волеј, кои во мошне неизвесен и драматичен натпревар остварија премиерна победа, со 3-2 во сетови (25-21, 21-25, 25-22, 20-25, 18-16) во првиот меч против екипата на Гацко од Требиње (БиХ), во СЦ „Јане Сандански“, во Скопје. Македонскиот женски шампион сега го очекува реванш-мечот во првото квалификациско коло на гости, на 29 октомври (од 18 часот).
Мери Бошковска, која беше прогласена и за најкорисна одбојкарка (МВП) на натпреварот, беше најефикасна во победничкиот состав со 26 поени, Јасмин Ледезма придодаде 19, а кај гостинскиот тим, кој е трикратен првак на БиХ, доминираа Марија Фундуп со 23, а Ивана Радовиќ со 20 поени.
Одбојкарките на македонскиот првак Струмица се поразени со 0-3 во сетови (18-25, 20-25, 19-25) од романски претставник Динамо Букурешт во првиот дуел од првото квалификациско коло за пласман во ЛШ, исто така, во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Во тимот на Струмица, кој четврти пат во низа настапува во квалификации за ЛШ, Кристијан Илијев беше најефикасен со девет поени, а Владо Милев и Јован Милев впишаа по осум. Кај Романците, Петар Премовиќ, кој беше избран за најкорисен играч на натпреварот, постигна 14 поени. Реваншот се игра во Букурешт на 28 октомври од 18 часот. Г.И.