ШАХ – ЕКИПНИ ПРВЕНСТВА НА МАКЕДОНИЈА

Нови победи на фаворитите во обете конкуренции во шестото коло на Екипното првенство на Македонија во шах. Кај шахистите најнеизвесен беше дуелот помеѓу Прилеп и Фишер од Куманово, кој им припадна на прилепчани со 3,5-2,5. Во водство е Алкалоид со 12 бода. Кај шахистките, пак, екипите во трка за највисок пласман, Центар и Алкалоид, остварија сигурни победи, а води Центар со 10 бода. Во седмото коло во директен дуел за врвот решаваа шахистките на Центар и на Алкалоид, а кај мажите, актуелниот шампион Алкалоид беше фаворит на дуелот со Стево Патако од Битола.
Шесто коло, мажи: Гамбит Асеко СЕЕ – Анпасан 5,5-0,5, Куманово – Стево Патако 4-2, Алкалоид – Гостивар 4-2, Прилеп – Фишер 3,5-2,5. Табела: Алкалоид 12 бода (23,5 поени по табли), Прилеп 10 (22,5), Гамбит Асеко СЕЕ 8 (24,5), Куманово 5 (17,5), Гостивар 5 (17), Анпасан 4 (13), Фишер 2 (15), Стево Патако 2 (11).
Шесто коло, жени: Куманово – Алкалоид 0-4, Центар – Неготино 3-1, Стево Патако – Гамбит Асеко СЕЕ 1-3. Слободен беше Карпош. Табела: Центар 10 (17,5), Алкалоид 9 (17), Гамбит Асеко СЕЕ 7 (14,5), Куманово 6 (10), Неготино 2 (7), Стево Патако 2 (5), Карпош 0 (1). Гамбит Асеко СЕЕ има еден натпревар повеќе. Г.И.