СКИЈАЊЕ
Единствениот македонски алпски скијач на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг, Дардан Дехари, незгодно падна на тренингот и тешко го повреди десното колено, што значеше дека за него Игрите прерано завршија, информираат од Македонскиот олимписки комитет (МОК).
По консултациите меѓу докторот Лубомир Огњеновиќ, кој е во Пекинг, кинеските доктори и претседателот на Здравствената комисија на МОК, д-р Небојша Настов, било утврдено дека станува збор за кинење на предниот вкрстен лигамент на десното колено, по што Дехари ќе мора да биде опериран.
Дехари, кој го носеше македонското знаме на церемонијата на свеченото отворање, требаше да настапи во трките на слалом и велеслалом, кои се на програмата на 13 и 16 февруари.