ШАХ – МЛАДИНСКО СП 2025
најдобропласиран македонски претставник и понатаму е Жежовска, на 46-то место
Претпоследното, 10-то коло на Светското првенство (СП) за младинци во шах во Драч, Албанија, беше најуспешно за македонските претставници (сите играa со бели фигури), откако беа освоени четири поени од можни шест (четири победи и два пораза). Во категоријата до 16 години Мајкл Бурнс (2.131 рејтинг-поени, рангиран 68. пред СП), ја забележа четвртата победа, против Александер Нг (1898, 111-ти) од Јапонија, а Делфина Огњановска (1.610, 97.) третата против Софи Манхарт (1.552, 100-та) од Лихтенштајн. Во категоријата до 14 години, Даниел Стефаноски (1.833, 112-ти) го освои третиот цел поен на дуелот со Натан Минц (1.586, 135-ти) од САД, а Елисавета Бурнс (1.494, 95-та) третата победа, на мечот со Даниела Геворгјан (1.501, 54-та) од Австрија. Двата пораза беа забележани во категоријата до 18 години, ФМ Антон Златков (2.351, 33-ти) од данскиот ФМ Халд Фалкесгард (2.241, 67.) и ЖФМ Моника Жежовска (1.996, 29-та) од Нина Бруесов (1.931, 42.) од Швајцарија.
На едно коло пред крајот на СП 2025, Жежовска е 46-та, Златков е 73-ти, Стефановски е 99-ти, М. Бурнс е 101., сите со по 4,5 поени. Е. Бурнс е 95-та, Огњановска е 101., двете со по 3,5 поени. Г.И.