Фото: ЕПА

АЛПСКО СКИЈАЊЕ – СВЕТСКИ КУП

Федерика Брињоне (Италија) по пет години одново е победничка на Светскиот куп (СК) во алпско скијање, а по откажаниот спуст во финалето на сезоната во Сан Вели (САД) го обезбеди и малиот кристален глобус во таа дисциплина.
Таа сега има трофеи во четири различни дисциплини во Светскиот куп, откако претходно победи во велеслалом и во алпска комбинација во 2020 година и во супервелеслалом во 2022 година.
Пред синоќешниот супервелеслалом таа водеше и во таа дисциплина. В среда ќе се решава за трофејот во велеслалом (води Алис Робинсон од Нов Зеланд), а в четврток во слалом (прва е Зринка Љутиќ од Хрватска). Н.М.