– Нема поголема катастрофа од ова што ни се случи. Страшна работа. Човек навистина не знае што да коментира по една ваква трагедија. Останува да се молиме за оние што се повредени да преживеат, односно да не се зголеми бројот на жртвите. Од утрово многу пораки примив од пријатели од странство, кои ми изразија сочувство за трагичниот настан и се интересираа каква е моментната ситуација. Во секој случај голема трагедија за македонскиот народ. Би сакал да изразам најискрено сочувство до семејствата на настраданите, а повредените што побрзо да закрепнат – ни изјави спортскиот директор на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Владимир Богоевски. Г.И.