ШАХ – РЕЈТИНГ-ЛИСТА НА ФИДЕ ЗА ДЕКЕМВРИ
Светската шаховска федерација (ФИДЕ) ја објави ранг-листата за декември, на која германскиот велемајстор (ВМ) Винсент Кајмер (рејтинг 2.776) се искачи на четвртото место. Магнус Карлсен, највисокорангираниот шахист во светот, е водечки, а најдобрите шахистки доаѓаат од Кина. Норвежанецот Карлсен игра малку во моментов, во ноември одигра само една партија во норвешката лига и беше награден со еден рејтинг-поен, со што сега има 2.840 поени, а неговата предност во однос на другите се зголеми на 30 поени. Втор е Американецот Хикару Накамура (2.810) и е единствениот друг шахист со рејтинг поголем од 2.800. Фабијано Каруана (2.795) од САД е трет иако не играше, а Арџун Еригаиси (2.775) од Индија е петти, благодарение на Светскиот куп (СК) во Гоа (Индија). Алиреза Фирузја (2.762) од Франција се искачи на шестото место без да одигра партија, бидејќи Индиецот Прагнананда Рамешбабу (2.761) и Аниш Гири (2.760) од Холандија загубија поени. Деветти е финалистот на СК, Веи Ји (2,754) од Кина, а актуелниот светки првак Домараџу Гукеш од Индија е 10-ти (2.754). На листата на шахистки прва и понатаму е Јифан Хоу (2.613), пред Жу Џинер (2.579), Леи Тингџие (2.569), светската првенка Венјун Ју (2.565), сите од Кина, а петта е Хампи Конеру (2.535) од Индија.
На македонската машка листа нема промени меѓу првите четворица, води ВМ Евгени Романов (2.567), пред ВМ Трајко Недев (2.469), ИМ Филип Панчевски (2.438), и ИМ Дејан Стојановски (2.412), а петти сега е ИМ Емил Ристески (2.405). Кај шахистките и понатаму прва е ЖФМ Моника Стојковска (2.076), од третото на второто место се искачи ЖИМ Габриела Коскоска (2.002), а потоа се Моника Жежовска (1.969), ЖФМ Ивана Манова (1.962), Драгана Николовска (1.892)… Г.И.


































