ГРАНСЛЕМ-СЕРИЈА ЗА 2025 ГОДИНА
Велемајсторот (ВМ) Левон Аронијан е победник на гранслем-турнирот во т.н. Фишеров шах во Лас Вегас (САД), откако во финалето го победи ВМ Ханс Ниман со 1,5-0,5. ВМ Магнус Карлсен славеше во дуелот за третото место против ВМ Хикару Накамура. Тоа беше четврти турнир од гранслем-серијата во Фишеров шах (фигурите во првиот ред се наместени според случаен избор) за годинава, а Аронијан е третиот победник, откако претходно славеа Винсент Кејмер (на турнир во Германија) и Карлсен двапати (на турнири во Франција и во Германија). На програмата останува уште еден турнир од оваа серија, во Јужна Африка, во декември. По четири турнира од гранслем-серијата во Фишеров шах за годинава води Карлсен со 80 бода (досега има две победи и две трети места), а потоа се Фабиано Каруана со 49, Накамура со 40, Кејмер со 39, Аронијан со 27… Н.М.