Кај тенисерките, вчера во полуфиналето играа Швјотек против Гоф и Паолини против Русинката Андреева

ТЕНИС – РОЛАН ГАРОС

Германецот Александар Зверев беше последниот полуфиналист на машкиот дел од гренслем-турнирот Ролан Гарос што се игра во Париз. За пласман во финалето тој ќе игра против Норвежанецот Каспер Руд, кој без борба стигна до полуфиналето, откако Србинот Новак Ѓоковиќ му го предаде мечот поради повреда на коленото.
Зверев го победи Австралиецот Алекс де Минор со 3-0 во сетови. За него ова ќе биде четврти пат да игра во полуфиналето на Ролан Гарос. Првиот пат загуби од Гркот Стефанос Циципас во 2021 година, потоа од Шпанецот Рафаел Надал во 2022, а лани беше поразен од Каспер Руд, неговиот денешен ривал.
Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Италијанецот Јаник Синер и Шпанецот Карлос Алкараз, а подобрите од овие два дуела в недела ќе играат во големото финале. Првпат ќе се случи, некој што е роден по 1987 година да го крене победничкиот пехар во Париз.
Во женска конкуренција, пак, во полуфиналето вчера играа Полјачката Ига Швјотек против Американката Коко Гоф и Италијанката Јасмине Паолини против пријатното изненадување, 17-годишната Русинка Мира Андреева. Победничките ќе играат утре во големото финале. Г.И.