Во женска конкуренција, фаворитите освоија нови бодови, во водство се Алкалоид и Гамбит Асеко СЕЕ со по пет бода, а кај мажите, по три кола, Прилеп и Алкалоид имаат по шест бода
ШАХ – ЕКИПНИ ПРВЕНСТВА НА МАКЕДОНИЈА
Шахистите на актуелниот првак Алкалоид (рангиран прв пред почетокот на првенството), минимално со 3,5-2,5 го добија дерби-мечот против Гамбит Асеко СЕЕ (рангиран втор) во третото кола на Екипното првенство на Македонија, во Струга. На првата табла Јангуи Ју и Кирил Георгиев ремизираа, Шант Саргасјан загуби од Владислав Неведничи, Александар Инѓиќ беше подобар од Петар Аранаудов, Трајко Недев загуби од Емил Ристески, Звонко Станојоски го победи Никола Николовски, а Тони Лазов славеше над Богдан Подлесник. Прилеп минимално го победи Куманово и со Алкалоид има по шест бода, но е прв поради подобриот вкупен збир на поени по табли.
Кај шахистките, фаворитите освоија нови бодови, а на врвот Алкалоид и Гамбит Асеко СЕЕ имаат по пет бода, но и по девет поени по табли. Кај мажите играат осум клуба на по шест табли, а кај жените седум клуба на по четири табли. Екипните прваци ќе бидат познати по седум одиграни кола.
Трето коло, мажи: Алкалоид – Гамбит Асеко СЕЕ 3,5-2,5, Прилеп – Куманово 3,5-2,5, Фишер – Ампасан 2,5-3,5, Гостивар – Стево Патако 2,5-3,5. Табела: Прилеп 6 бода (13,5 по табли), Алкалоид 6 (11), Гамбит Асеко СЕЕ 4 (11,5), Фишер 2 (9), Гостивар 2 (7,5), Стево Патако 2 (6,5), Анпасан 2 (6,5), Куманово 0 (6,5).
Трето коло, жени: Стево Патако – Куманово 0-4, Гамбит Асеко СЕЕ – Карпош 4-0, Неготино – Алкалоид 0,5-3,5. Центар беше слободен. Табела: Алкалоид 5 (9), Гамбит Асеко СЕЕ 5 (9), Центар 4 (7,5), Куманово 2 (4,5), Стево Патако 2 (4), Неготино 0 (1,5), Карпош 0 (0,5). Г.И.