Во машка конкуренција играат осум екипи, а во женска конкуренција шест. Титулите од лани ги бранат Алкалоид (мажи) и Центар (жени)
ШАХ – ЕКИПНИ ПРВЕНСТВА НА МАКЕДОНИЈА
Во Струмица во тек се годинашните екипни првенства на Македонија во шах, во машка конкуренција играат осум екипи (вкупно седум кола, се игра на шест табли), а во женска конкуренција шест (пет кола, четири табли). Титулите од лани ги бранат Алкалоид (мажи) и Центар (жени). Најголемо изненадување во првото коло кај мажите приреди новиот прволигаш Мултиесенс, кој одигра нерешено со ланскиот вицепрвак Гамбит Асеко СЕЕ. Цел поен освои ФИДЕ-мајсторот (ФМ) Антон Златков (Гамбит Асеко СЕЕ) против Теодор Јовановски, а за Мултиесенс, Матео Ефтовски против ФМ Андреј Велјаноски. Во женска конкуренција Неготино и Алкалоид забележаа максимални победи, по 4-0 на средбите со Гамбит Асеко СЕЕ односно со Дамин гамбит.
Учествуваат 77 шахисти (15 ВМ, 13 ИМ, 8 ФМ, од кои 61 од Македонија, осум од Бугарија, шест од Србија, тројца од Црна Гора и по еден од Индија, Хрватска и од Германија, а прворангиран е ВМ од Србија, Александар Инџиќ, рејтинг 2.661 од Алкалоид) и 31 шахистка (1 ВМ, 2 ЖВМ, 1 ИМ, 1 ЖИМ, 4 ЖФМ, 26 Македонки, по две се од Грузија и од Бугарија и една од Австрија, прворангирана е ИМ од Грузија Лела Јавакхишвили, 2.432 од Алкалоид).
Резултати, мажи, 1. коло: Гамбит Асеко СЕЕ – Мултиесенс 3-3, Куманово 1 – Нов Напредок 1,5-4,5, Гостивар – Шкупи 3,5-2,5, Алкалоид – Прилеп 6-0. Второ коло: Мултиесенс – Прилеп 5-1, Шкупи – Алкалоид 1-5, Нов Напредок – Гостивар 4-2, Гамбит Асеко СЕЕ – Куманово 1 5,5-0,5. Табела по две кола: Алкалоид (11 по табли) и Нов Напредок (8,5) по четири бода, Гамбит Асеко СЕЕ (8,5) и Мултиесенс по три (8), Гостивар два (5,5), Шкупи (3,5), Куманово 1 (2) и Прилеп без бодови (1). Жени, 1. коло: Гамбит Асеко СЕЕ – Неготино 0-4, Капабланка – Центар 0,5-3,5, Алкалоид – Дамин гамбит 4-0. Второ коло: Неготино – Дамин гамбит 4-0, Центар – Алкалоид 1-3, Гамбит Асеко СЕЕ – Капабланка 1,5-2,5. Табела: Неготино (8) и Алкалоид (7) по четири, Центар (4,5) и Капабланка по два (3), Гамбит Асеко СЕЕ (1,5) и Дамин гамбит (0) без бодови. Г.И.