Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ со 2:0 во сетови го совлада Јапонецот Кеи Нишикори на стартот од турнирот во Мадрид.
Првиот сет по голема борба беше решен во 12-от гејм кој му припадна на српскиот тенисер за 7:5.
Во вториот сет се играше гејм за гејм се до десетиот, а со брејкот кој го направи Ѓоковиќ славеше со 6:4.
Во следното коло Ѓоковиќ ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Данил Медведев и Кајл Едмунд.