Четирикратниот победник на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ, по денешниот триумф во Лондон, изјави дека е прекрасно да се подигне пехарот додека слуша тато, тато.
– За првпат во животот подигам трофеј, а постои некој кој вика тато, тато. Да, тоа е тоа дете таму. Не можеше да го гледа мечот затоа што има помалку од пет години, но сега е тука и ако освојувам трофеи и во иднина, тогаш ќе може и цел меч да проследи, рече Ѓоковиќ.
Тој ја искористи можноста да му честита на својот ривал Кевин Андерсон.
– Беше извонреден, имаше победничката низа, многу часови на теренот. Можеби во првите два сета не беше на ниво, но јас сум среќен што игравме толку добар трет сет – истакна српскиот тенисер.
Во финалето денеска Ѓоковиќ го победи Андерсон со 3-0.