Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е оптимист дека може да го освои трофејот на првиот гранслем-турнир во претстојната сезона.
– Играм тенис бидејќи навистина го сакам овој спорт. Кога сум на теренот се обидувам да се фокусирам на она што се случува во моментот и како можам да победам. Се обидувам да ја насочам мојата енергија кон она што го сакам. Го освојував овој трофеј шест пати, што ми дава надеж дека можам повторно – изјави Ѓоковиќ.
„Австралија опен“ во Мелбурн ќе се игра од 14 до 27 јануари в година.