Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра против Данил Медведев во финалето на последниот сезонски гранслем-турнир САД опен. Првиот носител на турнирот, за три часа и 37 минути, го победи Александар Зверев со 3-2 (4-6, 6-2, 6-4, 4-6 и 6-2 по сетови). В недела, Ѓоковиќ ќе се обиде да го комплетира календарскиот гранслем и да стигне до рекордниот 21 трофеј на најголемите турнири.
– Ќе се обидам да го освојам САД опен по четврти пат во кариерата. Знам дека календарскиот гранслем е блиску, знам дека луѓето зборуваат на таа тема. Ќе го оставам срцето на теренот, телото, мојата душа… Ќе го играм наредниот меч како да ми е последен во кариерата – кажа Ѓоковиќ.
Тој заедно со неговите најголеми ривали Роже Федерер и Рафаел Надал досега имаат по 20 трофеи од гранслем-турнирите.