В НЕДЕЛА И ПОНЕДЕЛНИК
Новото издание на „Скопје опен шаховскиот фестивал“ ќе се одржи в недела и понеделник во Скопје, во организација на Шаховскиот сојуз на Град Скопје, на кој може да учествува секој заинтересиран шахист со и без титула и рејтинг-поени, при што ќе се запазат сите протоколи за ковид-19. В недела од 11 часот е турнирот со забрзано темпо (време за размислување 15 минути за партија, плус 10 секунди по секој потег по играч), во девет кола (последните три кола ќе се играат в понеделник). Наградниот фонд е 105.000 денари, а победникот ќе добие 21.000 денари и пехар. В понеделник од 16 часот е турнирот со брзо темпо (три минути, плус две секунди по потег по играч), во девет кола, за награден фонд од 55.000 денари, од кои победникот ќе освои 12.000 и пехар. Турнирите ќе бидат рејтингувани во Светската шаховска федерација (ФИДЕ). До вчера на турнирот со забрзано темпо беа пријавени 67 шахисти од Македонија, Србија, Израел и од Бугарија, а на турнирот со брзо темпо 41 шахист од Македонија, Србија и од Бугарија. Г.И.