ЖИМ Габриела Коскоска успеа да спаси половина поен

Македонската машка шаховска репрезентација (2.514 просечен рејтинг, рангирана 43-та), ја забележа и третата победа, а втора во низа на 43. Шаховска олимпијада (ШО), која се одржува во Батуми, Грузија во конкуренција на 185 селекции. Денеска во рамките н 4. коло убедливо со 3,5-0,5 го совладаа Уругвај (2.387 просечен рејтинг, рангиран 67-ми).

Женската шаховска репрезентација пак, (2.039 просечен рејтинг, рангирани 58-ма), по третпат е поразена, овој пат со 1,5-2,5 од повисоко рангираниот Бразил (2.151 просечен рејтинг, рангиран 45-ти), во конкуренција на 151 селекција.

Освен ВМ Кирил Георгиев кој ремизираше на првта табла, останатите тројца, ИМ Филип Панчевски, ВМ Трајко Недев и ИМ Никола Николовски освија по цел поен.

Кај жените пак, цел поен освои само Катерина Петровска на четвртата табла, додека ЖИМ Габриела Коскоска успеа во загубена позиција да спаси половина поен, откако ривалката не успеа да ја реализира позицијата на кралица против топ!

По 4-то коло од предвидените 11, мажите со три победи и еден пораз, имаат вкупно шест бода (13 поени по табли) и се на одличното 20-то место, додека шахистките останаа на двата бода (8 поени по табли) и паднаа на 110-то место. 

Во 5-то коло мажите ќе играт против Грција (рангирана 25-та), а дамите против Палестина (рангирана 123-та). Г.И.

ВМ Филип Панчевски освои цел поен на втората табла

УРУГВАЈ – МАКЕДОНИЈА 0,5-3,5

ВМ Родригес (2.447) – ВМ К. Георгиев (2.590) реми (50 потег)

ИМ Росели (2.430) – ИМ Панчевски (2.489) 0-1 (53)

Рамос (2.244) – ВМ Недев (2.496) 0-1 (67)

ФМ Муниз (2.248) – ИМ Николовски (2.388) 0-1 (27)

БРАЗИЛ – МАКЕДОНИЈА 2,5-1,5

ФМ Терао (2.255) – Бејатовиќ (2.057) 1-0 (45 потег)

ЖФМ Алборедо (2.174) – ЖИМ Коскоска (2.026) реми (93)

ЖИМ Либрелато (2.110) – Николовска (1.856) 1-0 (67)

ЖФМ Чанг (2.037) – Петровска (1.856) 0-1 (41) реми