ТЕНИС

Настапуваат шест од првите десет тенисери на овој турнир од серијата АТП 500. Мислам дека оваа, ако не е најтешката ждрепка на сите времиња на турнир од категорија 500, тогаш дефинитивно е една од најтешките што некогаш сме ги виделе, во која и јас некогаш сум настапувал. Значи, квалитетот на натпреварите од првото коло ќе биде многу, многу висок, вели Новак Ѓоковиќ, светскиот рекет број 1, пред турнирот во Виена, кој се игра неделава.
На турнирот настапуваат осум играчи што не се носители, но кои играле во финале на гранслем-турнир или на мастерс-турнир од серијата 1.000. Ова е прв настап на Ѓоковиќ во Виена од 2007 година, кога ја освои титулата само со еден загубен сет. Доминик Тим (трет на АТП-листата) е втор носител, па со Ѓоковиќ може да се сретне само во финалето. На турнирот се и Стефанос Циципас (петти на АТП-листата), Данил Медведев (шести), Андреј Рублев (осми), Диего Шварцман (деветти), Гаел Монфис (11-ти), Денис Шаповалов (12-ти), Пабло Карено-Буста (15-ти), Карен Качанов (18-ти), Станислас Вавринка (19-ти), Григор Димитров (20-ти), Борна Чориќ (24-ти), Кеи Нишикори (на 37-то место)…