Престижниот американски магазин „Тајм“ го избра швајцарскиот тенисер Рожер Федерер за една од стоте највлијатени личности во светот. Магазинот овојпат на тенисерот му ја посвети насловната страница, а краток текст за него напиша Бил Гејтс.
– Бев сведок на тоа колку внимателно Рожер и неговиот тим работат за да ги подобрат животите на сиромашните деца. Тој знае дека филантропската работа, токму како и тенисот, бара многу дисциплина и време, напиша Гејтс.
Од избраните сто највлијателни само шест личности ќе се појават на насловната на „Тајм“.