Фото: Игор Бансколиев

ФУДБАЛ

За уште шест места во ЛШ се тркаат 12 тима од 12 земји

Вкупно 12 тима од 12 земји се во трка за преостанатите шест места во групната фаза во новата сезона на фудбалската Лига на шампионите (ЛШ), откако се пласираа во плејофот за влез во најсилното европско клупско натпреварување.
Така, според ждрепката, во групната фаза на ЛШ ќе играат победниците на дуелите Карабах (Азербејџан) – Викторија Плзен (Чешка), Бодо Глимт (Норвешка) – Динамо Загреб (Хрватска), Макаби Хаифа (Израел) – Црвена звезда (Србија), Копенхаген (Данска) – Трабзонспор (Турција), Динамо Киев (Украина) – Бенфика (Португалија) и Глазгов ренџерс (Шкотска) – ПСВ Ајндховен (Холандија). Првите дуели се закажани за 16 и за 17 август, а реваншите се една недела подоцна.
Во групната фаза на Лигата на шампионите директно се пласираа 26 тима од 11 земји, а најмногу претставници ќе има Германија, пет, (Баерн, Баер, Лајпциг, Борусија Дортмунд и Ајнтрахт од Германија, Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид и Севилја од Шпанија, Манчестер сити, Ливерпул, Челси и Тотенхем од Англија, Милан, Јувентус, Интер и Наполи од Италија, Порто и Спортинг од Португалија, Пари сен Жермен и Марсеј од Франција, Салцбург од Австрија, Ајакс од Холандија, Клуб Бриж од Белгија, Шахтер од Украина и Селтик од Шкотска).


Некогашниот врвен скијач Свиндал ќе дебитира во реликрос со електрични
автомобили

Аксел Лунд Свиндал, двапати освојувач на златен олимписки медал, пет пати светски шампион и еден од најуспешните алпски скијачи во историјата, тргнува надвор од скијачката патека за својата најнова авантура, откако се подготвува да дебитира во реликрос на домашна почва во Норвешка, викендов, во шампионатот на Светската автомобилска федерација (ФИА) за електрични автомобили, пишува Светската скијачка федерација (ФИС) на својата интернет-страница. Откако победи на своето деби и го зазеде петтото место во тековниот генерален пласман во рели во Скандинавија, Свиндал е подготвен да ја тестира својата моќ со еднократно тркање во целосно електричните автомобили.
– Имам голема почит кон возачите на реликрос, бидејќи тоа е спорт што е преполн со акции. Дури и ако сум само аматер и ова е само за забава, да видам сѐ одблизу и да се приклучам на акцијата е нешто што навистина го очекувам – рече страсниот екологист Свиндал, уживајќи во почетните кругови зад воланот.