ФОРМУЛА 1

Претсезонските тестирања се завршени и има само уште неколку дена до почетокот на сезоната во Формула 1 (Ф1), која треба да почне в недела, со трката во Австралија, кога екипите и возачите ќе излезат на патеката во Мелбурн.
По долгата зимска пауза, трката за трофеите повторно ќе почне, со повеќе прашања, а едно е дали актуелниот првак Луис Хамилтон ќе собори или израмни некои од најголемите рекорди на Михаел Шумахер, како на пример за најмногу победи (на Хамилтон му недостигаат осум за да го надмине Шумахер со 91 победа), најмногу титули (Шумахер седум, Хамилтон шест) итн.
Во новата сезона ќе има и неколку измени на правилата и на изгледот на болидите, потоа враќање на црно-белото знаме, помалку време за работа на болидите за време на викендите итн.