Претседателот на Џудо-федерацијата на Македонија (ЏФМ), Владимир Трпаноски, беше во работна посета на Европската џудо-унија (ЕЏУ). На покана на претседателот на ЕЏУ, Сергеј Соловеичук, а во рамките на одржувањето на Европското првенство за јуниори во Луксембург, Трпаноски во претходните четири дена оствари работна посета. Во тој период беа направени повеќе работни состаноци со Соловеичук, како и со дел од претседателите на комисиите при ЕЏУ.
На состаноците беше разговарано за унапредување на џудо спортот во нашата држава, преку учества на меѓународни едукативни семинари, кампови и натпревари како и организација на едукативни семинати, кампови и натпревари. Во рамките на активостите кои беа реализирани за време на работната посета на ЕЏУ, Трпаноски беше дел и од свечената церемонија на доделување на награди на учесниците на Европското првенство за јуниори. Соловеичук работната посета на Трпаноски ја оцени како доста успешна и изрази задоволство од активностите кои беа реализирани, а се обврза и дека активно ќе помага за унапредување на џудо спортот во Македонија.