Легендата на југословенскиот и хрватскиот спорт, пингпонгарот Драгутин Шурбек почина на 72-годишна возраст.
Шурбек кој три децении беше на врвот во овој спорт, почина ненадејно во својата татковина.
Имаше титули светски и европски шампион во поединечна и игра во двојки.
Беше носител на 36 медали од светски и европски првенства, имаше 518 настапи за репрезентацијата, од кои 503 за Југославија и 15 за Хрватска.