ПЛИВАЊЕ
Централниот регистер на Македонија го потврди изборот на Александар Филипчев за претседател на Националната пливачка федерација (НПФ), порано Пливачка федерација на Македонија (ПФМ), по жалбата на сменетиот претседател, Александар Маленко, од 5 март годинава.
Стручната служба при Централниот регистер, по повторното разгледување на предметот, ги потврди решението за упис на промени од 7 јуни 2019 година и изборот на Александар Филипчев за претседател, информираат од Националната пливачка федерација (НПФ).
Пред две години, на 24 април 2019-та, по барање на пливачки клубови во Македонија, се одржа вонредно собрание на Плиачката федерација на Македонија (ПФМ), на кое занов претседател беше избран Александар Филипчев. На вонредното собрание беше променето и името на Пливачката федерација на Македонија (ПФМ) во Национална пливачка федерација. Л.Д.