Лина Ѓорческа (435-та на ВТА-листата), која е прва носителка на тенискиот турнир во Анталија (Турција), денеска треба да игра во полуфиналето, против Мариана Закарлјук од Украина (688-ма на ВТА), која е седма носителка. Во четврт-финалето Ѓорческа ја победи Екатерина Рејнголд од Русија со 3-6, 6-2, 6-1. Турнирот се игра на тврда подлога и има награден фонд од 15.000 долари.
Со оваа победа Ѓорческа треба да напредува на листата на ВТА за девет места (според специјализирани интернет-страници за подготвување ранг-листа во живо), а ако го освои трофејот, и повеќе. Македонската тенисерка е во низа од осум победи по ред (вкупно два загубени сета), бидејќи минатата недела таа го освои трофејот на претходниот турнир во Анталија, кога забележа пет победи (со еден загубен сет). Во второто полуфинале денеска играат Оона Орпана (Финска, трета носителка, 490-та на ВТА) и Ирина Хромачева (Русија, втора носителка, 460-та на ВТА), со кои Ѓорческа играше на претходниот турнир во Анталија.