ТЕНИС
Најдобриот тенисер на светот, Србинот Новак Ѓоковиќ, додаде нов рекорд во својата богата колекција, откако со победата над Литванецот Ричардас Беранкис со 6-1, 6-4, 6-1 во сетови стана првиот тенисер во историјата на Ролан Гарос што 12 пати во низа обезбедил пласман во осминафиналето на престижниот француски гранслем-турнир. Шпанецот Рафаел Надал и Швајцарецот Роже Федерер го сторија тоа по 11-ти пати (од 2005 до 2016 година), а Надал стана третиот тенисер со барем 50 осминафиналиња на гранслем-турнирите (Федерер има 68, а Ѓоковиќ 54), пишува АТП на својата интернет-страница. За Ѓоковиќ ова беше 92. дуел и 77. победа во кариерата на Ролан Гарос. Противник на Ѓоковиќ во денешното осминафиналето ќе му биде 19-годишниот Италијанец Лоренцо Мусети. И Федерер и Надал во осминафиналето спроти себе ќе имаат италијански тенисери. Шпанецот ќе игра со 18-от носител, 19-годишниот Јаник Синер, а Швајцарецот ќе игра против деветтиот носител Матео Беретини.