Македонија настапи со четири клуба и освои вкупно 15 медали, од кои два златни, шест сребрени и седум бронзени, меѓу 233 клуба од 16 држави
КАРАТЕ – „КРОАЦИЈА ОПЕН 2021“
Четирите македонски клуба освоија вкупно 15 медали, од кои два златни, шест сребрени и седум бронзени меѓу 233 клуба од 16 држави, со вкупно 1.378 каратисти, на силниот турнир „Кроација опен 2021“, во Риека. Металург, кој настапи со четворица каратисти, освои едно злато и две бронзи, Олимпик спорт 2007 злато, сребро и две бронзи, Макпетрол четири сребра и три бронзи и Спорт 94 Прилеп едно сребро.
По два медала освоија каташот на Металург, Александар Неделковски, злато за постари јуниори до 21 година и бронза кај сениорите, и Стефан Стојановиќ од Макпетрол, две сребра (во борби), во јуниорска (категорија над 76 кг), односно конкуренција на јуниори до 21 година (над 84 кг). Прв значаен успех постигна и младата каратистката на Металург Ивана Илиевска (до 55 кг), која освои бронза, и тоа во повозрасната, сениорска конкуренција.
Преостанати освојувачи на медали (сите во борби) сe од клубот Олимпик спорт 2007, злато освои сениорот Фахик Весели (до 60 кг), сребро јуниорот Бојан Костов (до 61 кг), бронзи јуниорот Андреј Ангеловски (до 76 кг) и Вероника Костовска во апсолутна категорија, од Макпетрол Петар Спасеновски во апсолутна категорија (до 67 кг) и Ангела Мојсовска во апсолутна категорија, сребра, Петар Заборски во апсолутна категорија, Роберто Ацковски (до 67 кг) и Глигор Петков (до 84 кг), постари јуниори до 21 година, се закитија со бронзи, од Спорт 94 Прилеп јуниорот Матеј Белистојаноски (до 55 кг) освои сребро.
Најуспешна репрезентација е Хрватска, со 59 златни, 48 сребрени и 75 бронзени медали, пред Унгарија (16/17/23) и Словачка (15/7/28), а Македонија е деветта од 16 селекции.