На турнирот се играа три типа партии, со различно време за размислување, а во финалето Накамура го победи Вашер-Леграв со 18,5-12,5

ТУРНИР ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ

Американскиот велемајстор (ВМ) Хикару Накамура победи на турнирот во брзински шах, откако во финалниот дуел го победи Французинот Максим Вашер-Леграв, со вкупно 18,5-12,5 поени.
Беа одиграни вкупно 31 партија, а се играа три типа партии, и тоа двапати по пет минути, плус една секунда по секој потег, за вкупно време од 90 минути, потоа двапати по три минути, плус една секунда по секој потег, за време од 60 минути, и двапати по една минута, плус една секунда, за време од 30 минути, а се собираа поените од секоја партија.
Во полуфиналето на овој турнир Накамура беше подобар од Американецот Весли Со, со резултат 13,5 – 12,5, а светскиот шаховски првак, Норвежанецот Магнус Карлсен загуби од Вашер-Леграв во драматичен натпревар, со 11-13.
На овој турнир во брзински шах настапија вкупно 16 шахисти, а се играше според нокаут-систем, со елиминација. Наградниот фонд изнесуваше 250.000 долари.