Рафаел Надал можеби нема да биде во целост подготвен до крајот на сезоната, соопшти неговиот тренер Карлос Моја.
Шпанскиот тенисер поради повреда му го предаде натпреварот од полуфиналето на Ју-Ес опен на Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро, а потоа го откажа учеството на турнирите во Пекинг и Шангај. Надал по Шангај ќе изгуби 1.100 бодови.
– Нема да правиме ништо ризично. Надал ќе се врати на терен кога ќе биде во целост подготвен. Имаме желба годината да ја завршиме на првото место, но не знам дали ќе успееме. Нештата сега се комплицирани-истакна Моја.
Надал би требало да се врати на терените на Мастерсот во Париз, кој се игра од 29 октомври до четврти ноември.