Македонските шаховски претставници на 34. Европски клупски куп (ЕКК), кој се одржува во Порто Карас (Грција), Алкалоид (рангиран прв, со просечен рејтинг 2.741 поени) и Гамбит Асеко СЕЕ (рангиран 27-ми, со просечен рејтинг 2.363 поени), забележаа минимални, но вредни победи од по 3,5-2,5 во четвртото од предвидените седум кола.
Во дербито на колото, европскиот шаховски првак од 2017 година, Аклакаоид славеше над Медни Всадник од Санкт Петербург, Русија (рангиран 4-ти), додека Гамбит Асеко Сее против естонскиот клуб Ревал Спорт (рангиран 37-ми).
На три кола до крајот на турнирот, Алкaлоид е на втората позиција со максимални осум бода (20 поени по табли), колку што има и Падова (рангирана 8-ма), но Италијнците се први поради подобар дополнителен критериум. Гамбит Асеко СЕЕ пак, е на 20-то место со пет бода (13 поени по табли). Во следното 5-то коло „фармацефтите“ ќе играат токму против Падова, додека Гамбит Асеко СЕЕ со холандски БСГ (рнгиран 24-ти).
Г.И.
АЛКАЛОИД – МЕДНИ ВСАДНИК 3.5-2,5
ВМ Динг (2.804) – ВМ Свидлер (2.756) 1-0 (41. потег)
ВМ Ју (2.756) – ВМ Витјугов (2.709) реми (30)
ВМ Андрејкин (2.723) – ВМ) Федосеев (2.713) реми (32)
ВМ Јаковенко (2.752) – ВМ Матлаков (2.683) реми (35)
ВМ Елјанов (2.703) – ВМ Родштејн (2.674) 1-0 (43)
ВМ Криворучко (2.697) – ВМ Алексенко (2.639) 0-1 (52)
РЕВАЛ СПОРТ – ГАМБИТ АСЕКО СЕЕ 2,5-3,5
ВМ Андресен (2.597) – ВМ Арнудов (2.542) 1-0 (52)
ИМ Лива (2.456) – ИМ Данчевски (2.358) 0-1 (71)
Валнер (2.236) – ИМ Николовски (2.369) реми (60)
Кук (2.235) – ФМ Стојчевски (2.384) 0-1 (40)
Нестор (2.132) – ФМ Динев (2.284) 1-0 (70)
Нахур (2.013) – ФМ Андоновски (2.287) 0-1 (39)
Позначајни резултати 4-то коло
(8) Бер Шева – (3) Одлар Јурду 3-3
(6) Падова – (15) Дунајска Стреда 3,5-2,5
(17) Тесалоникис – (2) Нови Бор 1,5-4,5
(5) Влеренга – (16) Ахен 5-1
(9) Итака – (30) Леиден 4,5-1,5
(11) КГСРЛ – (23) Викинг 4,5-1,5