Фото: Маја Јаневска-Илиева

Македонија е во групата А, заедно со Данска, Израел и со Кипар, а првиот турнир се игра во Струмица, во салата „Парк“, од денеска до недела

ОДБОЈКА – ПОЧНУВА ЕВРОПСКАТА СРЕБРЕНА ЛИГА

Добро се работеше на тренинзите, формата на репрезентацијата е во нагорна линија и очекувам добри игри и резултати викендов, изјави селекторот на одбојкарската репрезентација на Македонија, Никола Матијашевиќ, пред денешниот почеток на првиот турнир во групата А во европската Сребрена лига.
Македонија во групата ќе се сретне со репрезентациите на Данска, Израел и на Кипар. Првиот турнир се игра во Струмица, во салата „Парк“, од денеска до недела, а вториот во Шлагелсе, од 28 до 30 мај. Финалниот турнир е во Струмица, на 4 и на 5 јуни, на кој ќе играат домаќинот Македонија, како и уште три најдобри селекции од двете групи. Во групата Б се Хрватска, Луксембург, Унгарија и Австрија (првиот турнир од оваа група на програмата е во Австрија, а вториот во Луксембург).
Репрезентацијата на Македонија е фаворит за триумф во Сребрената лига, во која трипати беше втора (во 2015, 2016 и во 2017 година) и еднаш трета (2014-та). Првото место ќе значи и можност за настап во Златната лига во 2022 година.


СРЕБРЕНА ЛИГА, ГРУПА А

ДЕНЕСКА
Данска – Израел 17 ч.
Македонија – Кипар 21 ч.
УТРЕ
Данска – Кипар 17 ч.
Македонија – Израел 20 ч.
НЕДЕЛА
Израел – Кипар 17 ч.
Македонија – Данска 21 ч.
мечевите се играат во Струмица, вториот турнир е во Шлагелсе од 28 до 30 мај, а финалниот турнир на 4 и на 5 јуни во Струмица