Претседателот и генерален директор на „Ферари“, Серџо Маркионе, ја напуши функцијата заради компликациите по операцијата на рамото.
Компанијата потврди дека неговата здравствена состојба се влошила и дека не може да се врати на работа, па затоа е донесена одлука за прифаќање на неговата оставка.
Маркионе оваа функција ја презема пред четири години и имаше значајно влијание во работењето на Формула 1 тимот.
Тој ќе биде заменет од Џон Елкан на позицијата претседател, додека Луис Камилери, поранешен претседател на „Филип Морис“, ќе биде нов генерален директор.
Исто така, Маркионе се повлече и од позицијата претседател на „Фиат-Крајслер“, која ја извршуваше повеќе од една деценија.
За оваа функција е предложен Мајк Мени, претседател на компанијата „Џип“. Мени веќе добил овласување да ја врши претседателската функција.