ОДБОЈКА – КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2021
Одбојкарите на Турција забележаа победа над селекцијата на Босна и Херцеговина со 3-0 (25-15, 25-17 и 25-18), во квалификациската група Ц во Скопје, за пласман на Европското првенство (ЕП) годинава. Синоќа играа Македонија и Турција. Во првиот меч на турнирот Македонија ја победи БиХ со 3-1, а двете селекции се среќаваат и денеска (од 18 часот). Утре на програмата е дуелот Турција – БиХ, а турнирот се заокружува со мечот Македонија – Турција в сабота. Првопласираните репрезентации од седумте квалификациски групи ќе играат на ЕП, како и петте второпласирани со најдобар ефект. На ЕП што треба да се одржи во Полска, Чешка, Финска и во Естонија, директен пласман обезбедија Србија, Словенија, Франција, Русија, Италија, Украина, Германија и Белгија според пласманот на ЕП 2019, потоа земјите-домаќини, како и Летонија како победник на квалификациската група Д.