Наш известувач од Планица, Горан Манчевски
Јапонецот Рјоју Кобајаши (22) го оствари вториот најдолг скок во историјата, поставувајќи нов рекорд на скокалницата на Планица во Словенија, со прелетани 252 метри во првата серија од денешната програма во Светскиот куп во ски-скокови.
Импресивниот скок на беше пресуден за убедлив триумф на Јапонецот, негов втор на Планица. Кобајаши, на тој начин, во стил ја заврши сезоната во која победи во Светскиот куп.
Скокот на Кобајаши е за 1,5 метри пократок во однос на светскиот рекорд на Австриецот Штефан Крафт (253,5 метри) поставен во 2017 година. Норвежанецот Роберт Јохансон, пак, оствари скок од 252 метри, во 2017 година.
Досегашниот рекорд на Планица го држеше Полјакот Камил Стох, кој прелета 251,5 метри во 2017 година.