Алкалоид ја забележа највисоката победа на колото против Прилеп, а на дното Центар и Карпош ги поделија бодовите
ШАХ – ЕКИПНО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА, 5. КОЛО
Гамбит Асеко СЕЕ го задржа водството и по 5-то коло на 29. Екипно првенство на Македонија во шах, кое се игра во Струга (7 кола), откако во дербито на колото го совлада Гостивар, со 4-2. Актуелниот првак Алкалоид ја забележа највисоката победа на колото против Прилеп 5-1, а на дното Центар и Карпош го освоија првиот бод, откако меѓусебниот меч заврши 3-3. Најдолгата партија беше видена помеѓу Кирил Георгиев и Анте Бркиќ, која по многу возбудувања заврши со реми во 60-от потег, додека најбрзо салата ја напуштија Анте Шариќ и Петар Арнаудов, по само 13 потези. Единствената шахистка на првенството, Ивана Манова, по двете победи во низа, загуби од Стојанчо Димковски. Следното коло се чини ќе биде решавачко за новиот шампион, кога на шесте табли силите ќе ги одмерат Гамбит Асеко СЕЕ и Алкалоид.
Гамбит Асеко СЕЕ сега има 10 бода (23,5 по табли), го следат Алкалоид 9 (22,5), Гостивар 7 бода (19,5), Прилеп 6 (17,5), Куманово 4 (10,5), Анпасан 2 (13), Центар 1 (8,5), Карпош 1 (5).
Резултати 5. коло: АЛКАЛОИД – ПРИЛЕП 5-1 (ВМ Андрејкин – ВМ Богосављевиќ 1-0, ВМ Криворучко – ВМ Миљковиќ реми, ВМ Инѓиќ – ИМ Златановиќ 1-0, ИМ Панчевски – Готовуша 1-0, ВМ Јаќимовиќ – Ѓорѓиески реми, ВМ Богдановски – Дамчески 1-0). ГАМБИТ АСЕКО СЕЕ – ГОСТИВАР 4-2 (ВМ Георгиев – ВМ Бркиќ реми, ВМ Арнаудов – ВМ Шариќ реми, ИМ Николовски Н. – ИМ Сарачи реми, ФМ Ристески – ИМ Стојановски реми, ИМ Подлесник – ИМ Стаменков 1-0, ИМ Данчевски – ФМ Стефаноски 1-0). ЦЕНТАР – КАРПОШ 3-3 (Симјановски – Главинац 1-0, Велјаноски – Куков Т. реми, АФМ Златков – Петров реми, ФМ Петковски – ФМ Хаџи-Манев 1-0, Манова – Димковски 0-1, Калин – Раниќ 0-1). АМПАСАН – КУМАНОВО 2,5-3,5 (ИМ Сеитај – Данов реми, ИМ Паско – Куков В. реми, Трајановски – ИМ Средојевиќ 0-1, ФМ Органџиев – ФМ Илиќ реми, Аслани – Крстевски 1-0, Абдији – Симов 0-1).