Кирил Георгиев

Македонскиот велемајстор (ВМ) Кирил Георгиев (2.595) и младиот ФИДЕ-мајстор (ФМ) Тони Лазов (2332), ги забележаа вторите победи во 4-то коло на 20-то Европско поединечно првенство (ЕП) во шах, што се игра во х. „Хилтон“ во Скопје, во 11 кола. Георгиев беше подобар од азербејџанскиот интернационален мајстор (ИМ) Абдула Гадимбаули (2.404), додека Лазов од Хрватот Марко Секеља (2.120).

Прв цел поен од Македонците впишаа, Филип Михов (2.152) кој го совлада фаворизираниот ИМ од Србија Зоран Арсовиќ (2.422), потоа Емил Ристески, Андреј Велјановски, Емил Крстев, ФМ Димитар Качаковски и Хедон Мифтари. Половина поен пак, забележаа ИМ Никола Николовски (2.404) со силниот ВМ од Ерменија Мануел Петросјан (2.564), ФМ Динев Дејан, единствената Македонка Бојана Бејатовиќ, ФМ Љубомир Хаџи-Манев и Васо Талески, додека останатите се поразени.

Најдобропласиран македонски шахист засега е Георгиев кој со 2,5 поени е на 139-то место, следат Николовски на 201-то и Лазов на 215-то место и двајцата со по два поена во конкуренција на 361 претставник (143 ВМ) од 42 држави.

На врвот дури 19-на во водство со по 3,5 поени, предводени од Израелецот Барон Тал, Белорусинот Сергеј Азаров, Грузиецот Иван Чепаринов, прворангираниот Владислав Артемиев од Русија… Г.И.


Позначајни резултати, 4-то коло

Чепаринов – Чигаев реми, Матеуш, Алексенко реми, Пиорун – Азаров реми, Артемиев – Ван Форест 1-0, Родштеин – Мосард 1-0, Гордиевски – Беркеш 0-1, Мелкумјан – Антипов реми, Гелфанд – Петров 1-0, Фресинет – Сахакјан реми, Кан – Моисенко реми итн.