Вечерва во спортската сала во Куманово и официјално беше промовиран новиот боксерски клуб Куманово 84.
Всушност новиот клуб е формиран само како обнова на стариот долгогодичен постоечки боксерски клуб БК Куманово, но старото и долгогодишно постоечко име поради одредени административни пречки во централниот регистар не можеше да остане поради што се пристапи кон ново име надополмето со додавката на бројот 84. За почеток и во моментот во клубот членуваат околу дваесет и пет боксери од кои десетина на возраст постари од 18 години и петнаестина млади боксери на возраст од 12 до 16 години. Од вкупмиотброј на боксери четири членови се од женскиот пол од кои што еден е полнолетен и три малолетни членови.
Со нив во иднина како главен тренер ке работи поранешниот долгогодишен кумановски боксер и освојувач на сребрен олимписки медал, Реџеп Реџеповски а за помошен тренер е назначен истотака познатиот поранешен кумановски боксер Мохамед Алија. Своите клубски активности боксерите ќе ги извршуваат во старо – ново реновираната боксерска сала која што се наоѓа во склоп на спортската сала во Куманово и која што благодарение на локалната самоуправа на градот беше комплетно реновирана и опремена сокомплетно нова боксерска опрема како и еден нов боксерски ринг.
Што се однесува пак до учеството на клубот на официјални настапи и натпреварувања клубот за почеток ќе учествува и ќе се натпреварува само на турнири, а како прв голем предизвик за клубот се очекува да биде државното првенство на Македонија што треба да се одржи во јуни годинава. Освен тоа од посебна важност за клубот за во иднина се очекува тој да се вклучи и во новоформираната боксерска лига во чиј што состав членуваат боксерски клубови од сите поранешни Ју – републики.
Т.Д.