Поради пандемијата, изданието за 2020 година беше откажано, но сега се врати најголемото алпско првенство во затворен простор, пишува ФИС. Тркачите се натпреваруваат на хомологираната падина, во комплексот „Сноу ворлд Ландграф“ во Холандија, а ќе се натпреваруваат Исланд, Велика Британија, Холандија, Белгија,
Луксембург, Данска и Република Ирска

СКИЈАЊЕ

Приближно 250 скијачи ќе се натпреваруваат на крајот на септември на седмото издание на првенството, т.н. Лоуленд-шампионат. Поради пандемијата на ковид-19, изданието за 2020 година беше откажано, но сега во 2021 година се врати најголемото алпско првенство во затворен простор, па дури и поголемо, пишува Интернационалната скијачка федерација (ФИС) на својата интернет-страница.
Седма нација ќе се приклучи на оваа слаломска трка во алпско скијање в недела, па така најдобрите скијачи од Исланд ќе се натпреваруваат со скијачите од Велика Британија, Холандија, Белгија, Луксембург, Данска и од Република Ирска. Трките ќе се возат во комплексот „Сноу ворлд Ландграф“ во Холандија.
Тркачите се натпреваруваат на хомологираната падина, според ФИС. Ова натпреварување доаѓа во одличен момент во сезоната за организирање алпска скијачка трка за најдобрите скијачи од различните низински земји во нивните сопствени категории, пишува Интернационалната скијачка федерација.

Најмладите тркачи се натпреваруваат во категоријата до 10 години и има тркачи до т.н. Мастерс-категорија.
Освен организирањето на најдобар алпски скијачки натпревар, инспирацијата и промоцијата за алпскиот спорт е она кон што цели организацискиот одбор. Има многу талентирани и добри скијачи што потекнуваат од овие земји.
Актуелниот скијач во Светскиот куп во алпско скијање, Арман Маршант (Белгија), ја освои првата титула на ова првенство во 2014 година и, секако, е пример, како и многу други скијачи од Светскиот куп (како ѕвездата Дејв Рајдинг од Велика Британија), за сите млади спортисти од овие земји.
Титулата ја освојува земјата што ќе освои најмногу поени во различни возрасни категории во текот на две трки. Актуелниот носител на титулата е Велика Британија. В сабота се одржува Светскиот куп на снег, а в недела се одржува првенството, што е индивидуално првенство, како и дел од првенството на нации.