Македонскиот боксер Гоце Јанески утре ќе се бори за пласман во финалето на Балканското првенство (БП) во Анталија, Турција. Тој во категоријата до 75 кг во четвртфиналето, со 32, беше поуспешен од Србинот Филип Џиниќ, со што обезбеди најмалку бронзен медал, информира Боксерската федерација на Македонија.

Во полуфиналето, Јанески ќе ги вкрсти ракавиците со претставникот на Косово, Бесарт Пирева, кој беше учесник на годинашниов „Златен гонг“ во Скопје. Јанески во 2016 година го освои „златниот гонг“.

Вториот македонски репрезентативец Арсим Етеми (до 81 кг) беше поразен од Турчинот Бирол Ајгун, со што го заврши својот настап. Третиот македонски боксер Јасин Љама (до 63 кг), кој е годинашен носител на признанието „златен гонг“, утре треба да ги одмери силите со Романецот Георге Думитреску.

На Балканијадата има осум тежински категории во машка и девет во женска конкуренција. Македонските боксери ги предводи тренерот Скендер Јахиу, а судиската правда ја дели и македонскиот судија Стефан Цубалевски.

Г.И.