Францускиот велосипедист Арно Демар од тимот Францез де жуа победи на 18-та рамнинска етапа од трката „Тур де Франс“, која се возеше од Три-сур-Баиз до По со должина од 171 километар.
За Демар ова беше прва етапна победа на најголемата трка во светот, а на второто место заврши неговиот сонародник Кристоф Лапорт од тимот Кодифис. Трет беше велосипедистот од тимот Емирати Александер Кристоф.
Носителот на жолтата маица Британецот Герајнт Томас од тимот Скај ја задржа водечката позиција во генералниот пласман и има предност од една минута и 59 секунди во однос на холандскиот велосипедист Том Димулан од тимот Сунвеб.
Бранителот на титулата неговиот клупски колега Кристофер Фрум е третопласиран и заостанува со две минути и 31 секунда.
Утре се вози 19-та етапа со должина од 200,5 километри од Лурд до Ларанс.