КОШАРКА – НБА
Стеф Кари стана најуспешен тројкаш
Извонредниот кошаркар на Голден стејт, Стеф Кари стана најдобар тројкаш во историјата на НБА-лигата. Во победата над Чикаго, со 119-93, тој постигна 40 поени, од кои девет тројки од 17 обиди (6/7 од ударите за два поена), со што стигна до бројката од 3.366 успешни реализации на удар од линијата за три поени и стана најдобар во оваа конкуренција во најквалитетната лига на сите времиња, сметајќи ги регуларниот дел и плејофот.
Со тоа Кари го надмина досегашниот рекорд на Реј Ален, кој изнесуваше една тројка помалку (3.358). Патем, Кари тоа го стори со 886 натпревари, а Ален со многу повеќе, 1.417 меча.
Ефикасноста на Кари од 40 поени на еден меч е 52. од ваков вид во неговата кариера. Тој 36 пати постигна девет или повеќе тројки на еден натпревар, што е рекорд во НБА-лигата. Г.И.
ЕП ЗА ПОСТАРИ КАДЕТИ И ЈУНИОРИ ВО БУДВА
Четири медали за македонските кикбоксери
Македонските кикбоксери постигнаа забележителен успех на Европското првенство (ЕП) за постари кадети и јуниори, кое се одржа во Будва, Црна Гора, освојувајќи вкупно четири медали. Миа Тодорова се закити со сребрен медал, а Горјан Ристевски (категорија до 71 кг), Олгица Орешкова (до 47 кг) и Силвио Мировски (до 57 кг) со бронзени медали, сите во јуниорска конкуренција. На Европското првенство годинава настапија вкупно 1.163 кикбоксери од 39 држaви. Г.И.
АЛПСКО СКИЈАЊЕ
Шифрин им се врати тренинзите
Американката Микаела Шифрин (26) им се врати на тренинзите во ски-центарот на американскиот тим на планината Копер во Колорадо, по маките на тренинзите поради болки во грбот во минатиот месец. Но таа и натаму не е 100 отсто сигурна дали ќе настапи на претстојните трки во Светскиот куп, имајќи предвид дека најголемата цел сезонава ѝ се Зимските олимписки игри во Пекинг, во февруари в година. Засега, во нејзиниот распоред се трките во слалом викендов во Леви, Финска, потоа во Килингтон, Вермонт, на 27 и на 28 ноември, брзите трки во Лејк Луис во Канада, во почетокот на декември…
– Уште одиме чекор по чекор, од ден на ден, и ќе ги приспособуваме тренинзите и плановите ако треба. Никогаш не е сѐ сигурно, но остануваме флексибилни и правиме сѐ што можеме за да го реализираме планот А – вели Шифрин, додавајќи оти нема „нужно да се трка“ во Леви. Л.Д.