Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, кои заедно освоија девет од претходните 13 титули на тенискиот гранслем-турнир Австралија опен, треба да ја предводат листата со учесници на првиот гранслем-турнир в година, во февруари, во Мелбурн, пишува АТП на својата интернет-страница. На листата се и светскиот рекет број 3, Доминик Тим (ја освои својата прва гранлем-титула годинава на САД опен, а годинава играше и во мечот за титула на Австралија опен годинава, каде што загуби од Ѓоковиќ), потоа светскиот рекет број 4, Данил Медведев (годинава го освои најголемиот трофеј во својата кариера, на финалето на АТП), настап најави и шесткратниот шампион Роже Федерер…
Вкупно 28 тенисери од врвните 100 во рангирањето на АТП се пријавени за првиот гранслем-турнир во 2021 година, а сите играчи меѓу првите 50 треба да се натпреваруваат.
И во женска конкуренција се очекува настап на најдобрите, предводени од светската тенисерка број 1, Ешли Барти, потоа Симона Халеп (втора на светската листа), победничката на САД опен годинава, Наоми Осака и ланската победничка во Мелбурн, Софија Кенин, заедно со другите 10 најдобри играчи, пишува ВТА, Елина Свитолина, Каролина Плишкова, Бјанка Андрееску, Петра Квитова, Кики Бертенс и Арина Сабаленка, пишува ВТА.