Постои голема желба во јавноста повторно да има спортски настани, дури и ако тоа е само на ТВ. Но постојат многу различни аспекти што треба да се земат предвид, вели директорот на тимот Мекларен, Андреас Сеидл, а пренесе Би-би-си
Формула 1 се соочува со „тешка“ одлука за тоа кога може да почнат трките годинава, вели директорот на тимот Мекларен, Андреас Сеидл, а пренесе Би-би-си. Тој спорт разгледува голем број опции за да ја почне сезоната откако првите девет трки беа одложени поради пандемијата на коронавирусот.
– Постои голема желба во јавноста повторно да има спортски настани, дури и ако тоа е само на ТВ. Но постојат многу различни аспекти што треба да се земат предвид – вели Сеидл.
Од Ф1 велат дека се надеваат дека летово ќе почне сезоната и ќе има 18 или 19 трки, но Сеидл вели дека спортот може да почне кога здравствената состојба ќе дозволи и дека не може да се брза.
– Најважно е да ги заштитиме луѓето, така што дефинитивно не можеме да се вратиме додека не знаеме дека се безбедни. Тогаш тоа ќе зависи од упатствата на нашите матични земји, пред сѐ, од упатствата за патување, за нашиот секојдневен живот и треба да видиме дали ни овозможува тоа да патуваме надвор и повторно да се вратиме. Доколку има промени во датумите, промоторите треба да бидат подготвени за тоа и треба да има смисла од комерцијална гледна точка.
Важно е само да се вратиме на трките откако ќе бидеме сигурни дека кога станува збор за заштитната опрема (за медицински персонал) и бројот на тестовите за луѓе, дека сето тоа е на место и достапно за луѓето на кои им е потребно и ние не ги трошиме овие тестови само за да се вратиме на трките – вели Сеидл.